Cashback & Shopping Points

  • 5% Cashback Deal* Сега 5% наместо 2% Cashback Валиден од 09.4.2024 до 31.12.2024
  • * Со Cashback Deal, ги откупувате вашите Shopping Points и ви се припишува повеќе Cashback. За да го направите тоа, мора да имате доволно Shopping Points на вашата сметка на myWorld, кои ќе бидат откупени во myWorld за Cashback Deal.Потоа, вашите Shopping Points автоматски ќе се одземат од вашата сметка на myWorld.

  • ПРИФАЌА
    Scan & Go
    myWorld Card
    B2B

Контакт

Опис




ПЗУ БИ ДЕНТАЛ Др. Билјана Ивановска е современа и модерна стоматолошка ординација која нуди стручност, пријатна атмосфера, индивидуален пристап на пациентите, безболни зафати преку континуирано едуцирање и следење на иновативни методи во стоматологијата, посебно во квалитетни материјали кои ги нудиме на нашите пациенти.

ОПШТА СТОМАТОЛОГИЈА
Во третмани од општа стоматологија спаѓаат:
• контролни и превентивни прегледи и третмани на третирање на површински кариеси, до третирање на пулпити, периодонтити и друго,
• залевање на фисури и флуор профилакса кај деца,
• пломбирање на заби, со најсовремени стоматолошки материјали,
• лекување и ендодонтска терапија,
• чистење на забен камен и отстранување на меки наслаги,
• екстрахирање односно вадење на заби.

ПРОТЕТИКА
Стоматолошката протетика се занимава со реконструкција на оштетеното ткиво на забите, надоместување на еден или повеќе изгубени заби со мостовска конструкција или реконструкција на целата забна низа. Со коронките и мостовите со воспоставува континуирана забна низа со која се обезбедуваат нормална функција, естетика, фонација и превенција на преостанатите забни и орални структури, а со тоа и на целиот организам.
Во нашата ординација се изработуваат мостови и коронки од метал керамика и безметална керамика (CAD-CAM, cirkonia ). , како и мобилни констукции- парцијални и тотални протези.

ПАРОДОНТОЛОГИЈА
Пародонталната болест е хронична дегенеративна болест на ткивото околу забите – гингивата, коската и лигамените.
Причини за појава на пародонтопатија се : генетска предиспозиција, лоша орална хигиена, стрес, пушење, опаднат имунитет итн.
Терапијата пред се е во навремено интервенирање уште на почетокот при јавување на почетните знаци на пародонтопатија:
Отстранување на тврди забни супстанци ( чистење забен камен ЧЗК)
Отстранување на меки наслаги
Обработка на пародонтални џепови
Употреба на одредени медикаменти
Пескарење

ДЕТСКА СТОМАТОЛОГИЈА
Превентивни прегледи,
Залевање на фисурите на забите,
Лекување на млечни заби,
Санирање на кариозни лезии.

ЕСТЕТСКА СТОМАТОЛОГИЈА
Професионално белење на забите ( амбулантски ),
Белење во домашни услови,
Ламинати,
Безметална керамика.


Не можете да ја најдете вашата нарачка од BI DENTAL D-r Biljana Ivanovska?

* Во зависност од производите кои биле консумирани кај Трговските партнери, може да има варијации во конкретната исплата на маржите за провизија. Затоа не се гарантира точноста на податоците на оваа веб страница.