Cashback & Shopping Points

  • 5% Cashback Deal* Сега 5% наместо 2% Cashback Валиден од 11.4.2024 до 31.12.2024
  • * Со Cashback Deal, ги откупувате вашите Shopping Points и ви се припишува повеќе Cashback. За да го направите тоа, мора да имате доволно Shopping Points на вашата сметка на myWorld, кои ќе бидат откупени во myWorld за Cashback Deal.Потоа, вашите Shopping Points автоматски ќе се одземат од вашата сметка на myWorld.

  • ПРИФАЌА
    Scan & Go
    myWorld Card
    B2B

Контакт

Опис

Луна Пет е специјализирано катче за сите сопственици на куче или маче каде може да ги најдете сите потребни производи за Вашето милениче, почнувајки од аксесоари и храна па се до ортопердска опрема. Нашиот тим е обучен да Ви помогне да ги одберете потребните производи за Вашето милениче без разлика дали Вие за прв пат чувате миленик или веќе имате искуство. Над осум години нашата продавница работи со миленичиња од сите големини и сме среќни кога ќе не посетите заедно со Вашето милениче.


Нашата компанија работи со препознатливи и високо квалитетни брендови во светот на милениците како: Orijen,Аcana, Hunter, Biogance, Kong, Antos, Wellness Core, Julius K-9, Balto, кои се водечки брендови на светски рамки и имаат голема палета на производи за Вашето милениче.


На нашата веб страна (www.lunapetshop.com.mk) може да ги најдете сите наши производи како и информации за правилно користење, специјално дизајнирана според Вашите потреби. Преку веб страната може да направите нарачка за достава во Скопје како и во сите останати градови, доколку Ви е потребно помош или консултација ние сме секогаш тука да помогнеме.

Нашиот тим посветува големо внимание кон едукација и информирање за сите важни теми за нашите крзнени пријателчиња, со цел да Ви помогнеме подобро да ги разберете, да знаете како да постапите во одредена ситуација и како соодветно да ги користите производите.
Нешто за кое сме навистина среќни што го имаме е "Кујната на Луна" каде ги рачно ги изработуваме нашите препознатливи роденденски торти за Вашите миленичиња и веќе со години прославуваме среќни моменти заедно со Вас. Без разлика дали имате мало или големо куче, маче или пак барате нешто слатко за прослава, ние сме секогаш среќни кога може да подготвиме нешто специјално за Вашите магични моменти на прослава. Нашата кујна е одобрена од Агенцијата за Храна и Ветеринарство, што значи дека се соодветни за Вашите миленици.

Ако сакате да знаете забавни информации или совети секој ден, може да не следите на нашите социјални медиуми каде ние се дружиме секој ден и споделуваме важни информации (Facebook & Instagram).


Нашата цел е постојано подобрување на нашата работа за подобар животен стил на нашите најдобри пријатели! Драго ни е што си тука, те поздравува нашата Луна

Не можете да ја најдете вашата нарачка од Luna Pet Shop ?

* Во зависност од производите кои биле консумирани кај Трговските партнери, може да има варијации во конкретната исплата на маржите за провизија. Затоа не се гарантира точноста на податоците на оваа веб страница.