Cashback & Shopping Points

  • 3% Cashback Deal* Сега 3% наместо 1% Cashback Валиден од 11.4.2024 до 31.12.2024
  • * Со Cashback Deal, ги откупувате вашите Shopping Points и ви се припишува повеќе Cashback. За да го направите тоа, мора да имате доволно Shopping Points на вашата сметка на myWorld, кои ќе бидат откупени во myWorld за Cashback Deal.Потоа, вашите Shopping Points автоматски ќе се одземат од вашата сметка на myWorld.

  • ПРИФАЌА
    Scan & Go
    myWorld Card
    B2B

Контакт

Услови

Предности не важат за цигари.
Членовите на My World ќе ги остварат своите предности и поволности  од
Хотелот САЛИДА 2 маркетите
на нафтените деривати,исто така и на дополнителните производи кои ги содржи бензиската пумпа.

Опис


Во симбиоза со нашиот град,секој аспект на хотелското искуство ја рефлектира душата и богатството на нашата заедница.
Откријте го прекрасното опкружување кое го создавме и загрејте се во топлината на нашиот дом, каде што секој гостин е посебен дел од нашата приказна.
Од самото свое постоење нашиот хотел САЛИДА 2 е повеќе од хотел - тој е дел од успешната приказна на бензиската САЛИДА ПЕТРОЛ.
Во склоп со нашите три бензиски пумпи со 24 часа отворени маркети, истовремено ви нудиме вистинско воведување во духот на нашиот град и тим кој безрезервно е посветен да открие нови начини за уживање на нашите гости.
Хотелот САЛИДА 2 се наоѓа под Марковите кули во градот Прилеп над Економскиот факултет и блиску до центарот на градот.
Локацијата гарантира уживање во приватноста и тишината на нашиот хотелски комплекс, а сепак близина до 24/7 маркет и бензиска пумпа.

- Со ХОТЕЛОТ САЛИДА 2 влегуваш во свет на луксуз, страст и вкус.
Елегантен хотел, каде што удобноста и модерниот дизајн се вмешани во секој аспект на вашиот престој. Нашите соби се дизајнирани со внимание кон детали и обезбедуваат современ амбиент со модерен мебел и висококвалитетна опрема.
Во располагање имаме капацитет од 36 легла, вклучуваќи
- два апартмани
- шест двокреветни соби (од кои две со (ФРАНЦУСКИ ЛЕЖАЈ)
- шест трокреветни соби.
За семејства постои опција за детско креветче во собите.
Секоја соба располага со сопствен балкон, мини бар, клима, бесплатен Wi-Fi и кабловска телевизија за вашата целосна удобност.
Нашиот all-inclusive пакет обезбедува ноќевање со уживање во храната, која се служи секој ден во нашиот à-la-carte ресторан и бар.
Хотелскиот ресторан и лоби бар Ви нудат изобилен избор на вкусни јадења и пијалоци, приспособени според вашите побарувања.
Доколку ви треба простор за бизнис средби, нашите конференциски и бизнис простории ги обезбедуваат идеалните услови. Нашиот модернизиран простор за презентации и состаноци, со капацитет од 50 гости, создава впечатливо окружување за успешни бизнис средби.
Одберете го нашиот хотел и уживајте во удобноста и вкусот на нашата храна.

Добредојдовте во Бензиската САЛИДА ПЕТРОЛ, каде што квалитетот и разнообразноста на нашите производи го прават вашето возечко искуство уште подобро.Ние располагаме со три локации,секоја со своја уникатна понуда и прилагодено искуство за нашите клиенти.


Три Дестинации, Три Искуства:
1. Моторен Бензин - ЕУРОСУПЕР БС - 95 и 98
Во нашите маркети ќе го најдете највисококвалитетниот моторен бензин, со високи енергетски перформанси и минимални емисии. Со нас, вашиот автомобил ќе добие постојан извор на енергија.

2. Дизел Гориво - ЕУРОДИЗЕЛ БС - (Д-Е В):
За возење со сигурност и ефикасност, нашето дизел гориво е најдобриот избор. Со нашата технологија, гарантираме висок квалитет, чистота и ефикасност на секое патување.


3. Масла за Горење и Плин:
Нудиме еколошки прифатливи опции
како масло за горење (ЕЛ-1) и мазут М-1 НС. За вашите потреби со огрев, гарантираме економично и ефикасно решение.

- Наши Маркети:
Во нашите маркети ќе го пронајдете најголемиот избор на колонијални производи и кафемати. Од свежи производи до популарни брендови, ви нудиме широка палета на производи за вашето дневно искуство.

- Авто Козметика и Потреби за Возила:
Секаков вид на масла, авто козметика и производи за одржување на возилата. Нашите специјално избрани производи го чуваат и штитат вашето возило, правејќи го блескаво и заштитено.Во Бензиската САЛИДА ПЕТРОЛ го ставаме вашиот комфорт и задоволство на прво место. Доверете ни се за вашиот следен пат и доживејте врвен квалитет и услуга. Ви благодариме што не избравте нас како ваш партнер во возењето!

- Во БензискатаСАЛИДА ПЕТРОЛ нудиме висококвалитетни пелети за огрев, брикети за удобно готвење и специјално дизајнирани брикети за скара. Нашите производи гарантираат ефикасно и удобно користење при создавањето на топлина. Осигурете си комфорт и задоволство со нашите практични и квалитетни решенија за огрев и готвење.

Ние сме на ваше располагање на следните локации:

- САЛИДА ПЕТРОЛ 1 на излез на патот за Битола
- САЛИДА ПЕТРОЛ 2 на излез на патот за Македонски Брод и Кичево
- САЛИДА ПЕТРОЛ 3 на излез на патот за Крушево



Не можете да ја најдете вашата нарачка од SALIDA PETROL?

* Во зависност од производите кои биле консумирани кај Трговските партнери, може да има варијации во конкретната исплата на маржите за провизија. Затоа не се гарантира точноста на податоците на оваа веб страница.