Cashback & Shopping Points

  • 5% Cashback Deal* Сега 5% наместо 2% Cashback Валиден од 16.4.2024 до 31.12.2024
  • * Со Cashback Deal, ги откупувате вашите Shopping Points и ви се припишува повеќе Cashback. За да го направите тоа, мора да имате доволно Shopping Points на вашата сметка на myWorld, кои ќе бидат откупени во myWorld за Cashback Deal.Потоа, вашите Shopping Points автоматски ќе се одземат од вашата сметка на myWorld.

  • ПРИФАЌА
    Scan & Go
    myWorld Card
    B2B

Контакт

Опис

АСУЦ БРОКЕР АД е акционерско осигурително друштво кое соработува со сите компании и е овластено за вршење осигурителни брокерски работи. Друштвото е дел од АСУЦ „Боро Петрушевски“, од Станица за технички преглед и регистрација на моторни возила во Р. С. Македонија.
АСУЦ БРОКЕР АД е основано 2013 година.
Осигурителното брокерско друштво АСУЦ БРОКЕР АД - Скопје, делува на македонскиот осигурителен пазар од февруари 2013 година во рамките на работењето на Станицата за технички преглед во АСУЦ.
Уште на самиот почеток на работата на друштвото се склучени договори за продавање полиси за сите регистрирани осигурителни компании во држвата и се имплементирани сите класи на осигурување застапени на нашиот пазар, а кои им се потребни на компаниите и на вработени како физички лица.
За потребите на фирми и компании , како друштво за посредување при осигурување ви нудиме итересни понуди:
Осигурувањето на имотот, работните простории како и опремата со која располагате,
осигурувањето од општа одговорност,
осигурување од автооодговорност, Зелен картон и Каско за вашите возила,
колективно осигурување од незгода,
приватното-здравствено осигурување за вработените,
менаџерско осигурување,
колективно осигурување на живот,
други видови на осигурување.
Во однос на поволностите за вработените со досегашното работење можеме да се пофалиме со веќе организирана и проверена форма на соработка во делот на склучување на индивидуални осигурувања за сите вработени и членовите на нивните семејства, а со плаќање на рати за следните типови осигурување:
Осигурување на моторни возила од автоодговорност,
Каско осигурување и Зелен картон,
помош на пат,
Осигурување на имотот и домаќинството,
приватното здравствено осигурување,
туристичко осигурување,
животно осигурување.
Мисијата и улогата на Брокерот во осигурувањето е 100% заштита на нашите клиенти и нивниот интерес, максималена посветеност и советување, како и на кој начин да се склучат договорите за осигурување, како би имале најголема правна заштита за истите. Доверба и почит, беспрекорен квалитет на услуги, етика и морал во работењето и однесувањето.
АСУЦ БРОКЕР АД ги работи сите класи на осигурување:
Автомобилска одговорност,
Зелен картон,
Каско,
осигурување имот,
патничко здравствено осигурување,
осигурување од незгода и сите други останати видови.
За кои стоиме на располагање за бесплатна консултација за потребите на клиентите на кој начин да се изготви полисата и кои услови и подусло ви ги нуди одредена компанија. Исто така бесплатно добивате комплетирање на документација за настанат штетен настан се до негова наплата.

Не можете да ја најдете вашата нарачка од ASUC Broker?

* Во зависност од производите кои биле консумирани кај Трговските партнери, може да има варијации во конкретната исплата на маржите за провизија. Затоа не се гарантира точноста на податоците на оваа веб страница.