ПРВА ОНЛАЈН СОЦИЈАЛНО ПРЕТПРИЕМАЧКА ПРОДАВНИЦА СОЗДАДЕНА ОД ГЛУВИ ЛИЦА ВО МАКЕДОНИЈА!!!Доколку сакате вие и вашите вработени во вашата канцеларија да бидат здрави и секогаш полни со енергија за работа применте го концептот
"ПЕТ НА ДЕН"!!!Што е “
ПЕТ НА ДЕН” ?
Овој концепт е наша и ваша цел, во секојдневниот живот применлив за секого. Принципот на овој концепт се заснова на секојдневна консумација на најмалку 5 различни овошки и зеленчук секој ден.
Многу често забораваме на оваа вкусна опција, свежото овошје и зеленчук да се консумира во било кое време од денот!
Направете 5 мин пауза во вашиот динамичен дневен распоред и уживате во свежиот вкус на овошјето и зеленчукот кое дополнително ќе ви даде енергија за полесно да ги извршувате дневните обврски!
За да ја постигнете оваа цел, тимот на проекот
“TALKING HANDS” со многу љубов и радост ги припремаaт кошничките со повеќе различни видови овошје и зеленчук кои ќе ви бидат доставени директно до вашата канцеларија. Овошјето и зеленчукот од страна на лица со оштетен слух внимателно се одбрани и рачно сортирани на денот на доставувањето.
Не заборавајте колку добар пријател е овошјето!!!Придобивки!!!
Зошто би се одлучиле да започнете да го применувате концептот “ПЕТ НА ДЕН” и зошто овошјето и зеленчукот се толку корисни?
Пред се, заради составот на состојките што ги содржат:- витамини
- минерали
- фитохемиски состојќи (флавоноиди)
- глукозинилати
- фитоестрогени
Некои од витамините и хемикалиите се антиоксиданси уништувајќи ги слободните радикали во организмот, кои се познати како причинители за создавање рак и други штетни ефекти.
Користењето пет порции на ден овошје и зеленчук нека ви стане дневна рутина и резултатите ќе ги видите многу брзо