Понеделник - Петок |
08:30 - 16:30 |
АД ВЕРБУМ е агенција за преведувачки и конференциски услуги која постои од 2005 година. Целосно е посветена со своето работење во областа на преведување, толкување, консултирање, организирање и планирање конференции, семинари, работилници и слични настани, едуцирање и обука, ангажирана и во областа на издаваштвото.
Во своето портфолио нудат:
- писмен превод на секаков вид на комерцијална и техничка документација, финансиски и сметководствени документи, правни текстови, брошури и каталози, списанија, весници, веб-страници, тендерска документација, договори, биланси на успех и извештаи, презентации итн. Сето тоа на 31 јазик, по потреба на клиентот.
- Лектура на преведените или веќе доставените текстови. Консекутивно и симултано толкување, стручна редакција и сл.
- Организација на семинари и конференции, во смисла на техничка и логистичка поддршка, односно ЛЦД проектори, видео бимови, платна за проекции, банери, опрема за симултан превод како приемници, слушалки, безжични микрофони, кабини за преведување, аудио и видео снимање и сл.
До сега имаат преведени и издадено преку 300 наслови од кои дел се стручна литература, белетристика, детска научна фантастика и други жанрови.
Не можете да ја најдете вашата нарачка од Ad Verbum?