Предностите на CashbackWorld не се однесуваат на материјалите од програмите со франшиза, бидејќи Центарот е само посредник за дистрибуција.
Предностите се однесуваат на сите услуги на ЦЕИР КЛИКЕР за редовно/навремено плаќање до 15-ти во месецот.
Центарот за едукација и интелектуален развој „Кликер“од септември 2013 година активно се залага за примена и имплементација на најквалитетното образование за деца и млади.
Пионер е во франшизното работење во Источна Македонија и од 2013 година ја имплементира светски познатата БРЕИНОБРЕИН програма која се заснова на напредна абакаус методологија и ментална аритметика.
Од февруари 2020 година станува франшизер за Кочани на „Школата за брзо читање и мудро учење“, програма која во последните три години ја добива балкаската награда и европски сертификат за најквалитетна едукација на овие простори.
Центарот нуди дневен престој за деца од прво до трето одделение активно исполнет со пишување домашни задачи, менторска настава,едукативно-креативни работилници, настава во природа.
Од 2013 година активно се спроведува најквалитетна едукација за деца од предучилишна возраст преку игра и насочени активности преку програмите за ран детски развој,бројки и букви, смарт работилници, јазични вежби и говор,курсеви по математика и македонски за деца од одделенска настава,курсеви по англиски и германски јазик за деца, млади и возрасни.
Не можете да ја најдете вашата нарачка од Centar za Edukacija i Intelektualen Razvoj "KLIKER"?