Понеделник - Петок |
08:00 - 16:00 |
Бизифај е компанија која е основана во областа на истражување и развој на природните и техничко технолошките науки . Оваа млада компанија има специфичен развојно технолошки и бизнис пристап . Компанијата во основа на својата мисија која е преточена во проектна и деловна стратегија има за цел да иницира нови идеи , пред се во областа на применливата наука и технологија, со еколошки и хуманистички предзнак , како и да обедини и вмрежува што повеќе профили од различни области , на тој начин надминувајќи ги рамките на традиционалните стереотипи за форматото на една компанија. Тоа ја прави крајно флексибилна, мобилна и отворена.
Првата иновативна идеја на Бизифај , беше забележана од Фондот за иновации и технолошки развој , во рамките на О2 Предизвикот и ја доби поддршката од истиот со сума од 30.000 еу. Резултатот е импресивен производ во областа на решавање на проблемот со ареозагадувањето. Се работи за револуционерен производ кој може да стави крај на проблемите со загадувањето во делот на прашината. Тоа е течен препарат , нано био полимер од обновливи извори кој ги апсорбира ПМ 2.5 ПМ 10 , однсно има директно влијание на намалување на ареозагадувањето.
Не можете да ја најдете вашата нарачка од BIZIFAJ?