Почетокот на фирмата започнува во 2011 год. со продажба на бела техника, грејни и разладни уреди, мали кујнски апарати од програмата на BOSCH, GORENJE, CANDY, TOSHIBA, SAMSUNG, PRITY, CONTI, ALFA PLAM, KONCAR, BIRA, LTH, LG, PANASONIC, QUADRO, VIVAX и многу други. Но со текот на нашата работа и на побарување на нашите клиенти го проширивме асортиманот на производи вклучувајќи: апарати и уреди за домаќинство, велосипеди, моторцикли и скутери, моторни пили,сончеви колектори. Исто така актуелни на пазарот се и печките на пелети од кои ви нудиме голем избор, како и пелети и брикети со врвен квалитет и достапна цена за секого.
Со сопствена дистрибутивна мрежа вршиме навремена достава на купените производи низ целата држава.Имаме одлична деловна соработка со синдикати и синдикални организации преку кои Ви овозможуваме да купите роба на повеќе рати.
Со искусниот и квалитетен кадар Ви нудиме и помош околу вашиот избор, а од тука се засноваат и нашите цели :
- задоволување на потребите на нашите клиенти и соработници.
- квалитет
- чувство на задоволство,искреност и доверба од клиенти и соработници
Односите со клиентите, односно воспоставувањето, одржувањето и континуираното унапредување на соработката се основата на нашата компанија.
Искористете ги субвенциите за купените клима уреди, велосипеди и соларни болјери.