Понеделник - Петок |
09:00 - 16:00 |
Сабота |
10:00 - 14:00 |
Bregli Ltd. една од најквалитетните компании во трговијата со материјали за сито и тампон печат во Македонија која воедно е екслузивен застапник на "Marabu", "Saati", "Vastex International", "Arjo Wiggins", "Siliconi", "TheMagicTouch", "Sericom" и "Oz Anadolu Kimya" го проширува својот бренд во полето на високо квалитетни креативни продукти од брендот "Marabu" преку својата подружница Bregli Creative. "Marabu" е синоним во светот за специјални бои кои се произведуваат повеќе од 150 години под ознаката “Made in Germany”. Бои во својот најубав состав со секогаш нови нијанси и највисок квалитет.
Bregli Creative го развива и имплементира во својата дејност новиот концептот на “боење + учење” кој се стреми да го следи и развие детскиот потенцијал. Се базира на селекција на високо квалитетни специјални бои, кои не се наменети само за деца од предшколска возраст , туку за деца од било која возраст од градинка до средно училиште. Грижливо одбрани, безопасни по здравјето и приспособливи на детските потреби и можности.
За креативна работа во градинките и училиштата, за терапевски цели, за слободно цртање и декорирање, можност за самостојна како и за групна работа со пријателите, дома или во било која околина. Безбројни креативни забавни активности –од самиот старт.
Не можете да ја најдете вашата нарачка од Bregli?