Обезбедениот попуст важи за сите типови на услуги наведени во резимето на Aутомакедонија.
Исклучок се набавката на моторни возила и вградувањето на уреди за авто плин.
Членските Предности не се употребуваат за плаќања преку системот на Diners.
Членските Предности не се комбинираат со бенефициите на Клуб картичките на Аутомакедонија или други кредитни картички во државата. При поседување на повеќе картички, клиентот самостојно избира кои бенефиции ќе ги побара и искористи.
Членските Предности не се добиваат за оние услуги за кои клиентот во моментот на продажбата користи попуст односно истите се намалени поради акциска промоција и слично.
Продажба и сервисирање на моторни возила. Аутомакедонија е овластен увозник, дистрибутер и сервисер за Македонија на OPEL и ISUZU. Располага со комплетна инфраструктура – 3 сервисни центри во Скопје и еден во Битола. Сервисниот центар во Автокоманда е овластен сервис за OPEL и CHEVROLET, а во комплексот можете да најдете и станица за технички преглед и брокерско друштво за вадење на сите видови осигурување. Сервисниот центар во Кисела Вода функционира како мулти бренд сервис за патнички и лесни комерцијални возила, а на оваа локација е сместен и сервисот за извекување и фарбање. Во сервисниот центар во поранешниот комплекс Стакларница ќе го најдете мулти бренд сервисниот центар овластен за ISUZU, Wabco, Haldex, VDL, Liqui Moly. Во комплексот во Кисела Вода функционира и продавница за резервни делови во кои можете да набавите масла и адитиви од LIQUI MOLY, како и оригинални делови од палетата на BOSCH.
Не можете да ја најдете вашата нарачка од AUTOMAKEDONIJA?