Винаријата Ерос е лоцирана во село Марена, на самиот пат Кавадарци - Неготино. Сѐ започнува пред околу 20 години како хоби, со производство на вино за домашни потреби. Со зголемување на капацитетот на производство и квалитетот на виното ова хоби прераснува во мал семеен бизнис и веќе од 2005 година на пазарот се појавува програмот на вино под името Ерос составен од две врсти на вино и тоа, квалитетно полусуво бело вино Жилавка и квалитетно суво црвено вино Вранец. Во 2006 година во програмот на винаријата се вклучува и Гроздов сок, уникатен производ кој располага со висока содржина на протеини, јаглени хидрати и минерали, но и висока енергетска вредност. Гроздовиот сок претставува 100% природен производ, произведен од внимателно одбрани насади, на традиционален начин, без додаток на конзерванси, шеќери и вода.
Денес во палетата на винаријата се застапени четири сорти на вино од кои две квалитетни бели суви вина, Темјаника и Жилавка, квалитетно суво црвено вино Вранец и розе вино добиено од автохтоната сорта Странушина по технологија на производство на бели вина. Вкупниот капацитет на винаријата е 10.000 литри вино и 10.000 литри гроздов сок.
* Производите можат да се купат директно во винаријата или со директна испорака низ цела Македонија со карго.
Не можете да ја најдете вашата нарачка од Vinarija EROS?