Women’secret е бренд кој нуди долна облека, пижами, костими за капење и модни додатоци за современата жена. Брендот создава нови идеи за да го направи животот едноставен и забавен, некогаш провоцирајќи емоции, а друг пат нудејќи конкретни солуции. Women’secret е бренд создаден од и за жени.
Глобалната агенда на брендот е да се комбинира престижот, женственоста и модата со одлични цени. Women’secret е дел од Групацијата Кортефил, петта најголема групација за производство и трговија со текстил во Европа. Брендот е создаден во 1993 година, а првата продавница е отворена во Мадрид, Шпанија. Главната цел на брендот била да стане лидер во креативноста, ефикасноста и да го понуди она што им е потребно на жените во категоријата на долна облека. Успехот на компанијата е незапирлив од 2001 година кога WS почнува интернационална експанзија.