Cashback & Shopping Points

  • 3% + 1 На вашата набавка
  • Ќе добиете Cashback и Shopping Points сразмерно од првиот денар. Наведениот износ на SP одговара на купување на 6500 MKD.
  • ПРИФАЌА Оригинални ваучери

Контакт

Опис

FASHION GROUP e компанија во приватна сопственост, основана во 1994 година во Скопје. Проектот кој започна како желба да се донесе светската мода и кај нас се покажа како успешен и повеќе од потребен за македонскиот пазар. Денес групацијата вработува повеќе од 200 професионалци, тимови кои се посветени да го понудат најдоброто за секој купувач.

Во моментов 24 продажни места од различни брендови се во сопственост на FASHION GROUP во Македонија, во Скопје и Куманово. Продавниците се лоцирани во централното градско подрачје и во најуспешните трговските центри.

Брендовите на FASHION GROUP нудат широк избор на облека, обувки и модни дадатоци за различните потреби, интереси и желби на секое секој купувач. Во брендовите на компанијата може да се пронајде секој член од семејството.

Брендови за женска облека и додатоци: Mango, Parfois, Women’secret, Golden point

Брендови за машка облека и додатоци: Hugo Boss, Bitsiani, Celio*

Брендови за женска и машка облека: Fashion&Friends, Timberland, Springfield, Outlet

Бренд за детска облека: Okaidi

Брендови специјализирани за чевли: Bata, Geox

* Во зависност од производите кои биле консумирани кај Трговските партнери, може да има варијации во конкретната исплата на маржите за провизија. Затоа не се гарантира точноста на податоците на оваа веб страница.