Понеделник - Петок |
08:00 - 16:00 |
ДПТУ БИРОСЕФ ДООЕЛ Струмица е инжењерска компанија која е формирана во 2001 година и која се занимава со производство, продажба и монтажа на сигурносна, противпожарна и банкарска опрема (сигурносни и противпожарни сефови, каси и врати, трезори…)
Најглавни коминтенти се:
Банки, Пошти, Министерства, Јавни претпријатија, Правни субјекти, Физички лица...
БИРОСЕФ има свои претставници во речиси сите Балкански држави.
Ние сме присутни на пазарите на територија на поранешните Југословенски републики (Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска), Албанија, Бугарија …
Од Ноември 2005 год. БИРОСЕФ се здоби со Сертификат за СИСТЕМ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КВАЛИТЕТОТ - ISO 9001.
БИРОСЕФ располага со сопствена сервис екипа која е специјално обучена за отстранување на појавените дефекти и решавање на какви било проблеми поврзани со функционирањето на нашите производи, кои се наоѓаат во гарантен и надвор од гарантен рок.
Во 2009 година, БИРОСЕФ СТАНА ЧЛЕНКА НА “ESSA – European Security Systems Association, Frankfurt/Main“ ( www.ecb-s.com ).
Во 2010 година, БИРОСЕФ ги помина тестовите за сигурносни сефови и со тоа се здоби со ЕВРОПСКИ СЕРТИФИКАТ ЗА СИГУРНОСТ (EN 1143-1), издаден од страна на овластената за тоа Европска Куќа “ESB-S” – Germany.
Не можете да ја најдете вашата нарачка од Birosef?