Изјава за согласност дадена согласно регулативата за заштита на податоците за редовните членови во Лојалната програма:
Со ова се согласувам, Лајонес Европа АГ со регистрирано седиште на Банхофштрасе22, ЦХ 9470 Бухс во Швајцарија, со цел во текот на моето учество во индивидуалната редовна Лојална Програма за Членовите на Лајонес, Трговскиот Партнер Prima mes со регистрирано седиште на Видое Смилевски Бато бр. 2, 1300 Куманово (во понатамошниот текст: „Трговски Партнер”) да може да ги пренесува моите лични податоци на наведениот Трговски Партнер, а кои би се состоеле од име и презиме, титула, пол, датум на раѓање, e-mail адреса, поштенска адреса, адресни координати (должина и ширина), телефонски број/еви, број на факс, членски број во Лајонес, како и податоците кои се однесуваат на купувања направени од Трговскиот Партнер во согласност со последните 12 месеци како и во однос на идните купувања во форма на датум на купување, обем на купувањата, валута, број на фактура и локација на купување.
Понатаму се согласувам Трговскиот Партнер да може да ги користи податоците за следниве маркетинг цели:воспоставување на контакт преку електронски пораки (на пр. e-mail или СМС) преку социјални медиуми (како што е Facebook и сл.) преку телефакс, телефон или преку писма се со цел да се обезбедат информации кои се однесуваат на производи и специјални понуди од Трговските Партнери, да ги утврди понудите кои се во согласност со моите интереси и да се спроведат задоволителни истражувања.
Би сакале да Ви напоменеме дека можете да ја отповикате дадената изјава во секое време, со што отповикувањето би важело за во иднина. За таа цел, или со цел да се докаже дека вашите права се во рамките на законот за заштита на личните податоци, на пример, да добиете информации, можете во секое време, да стапите во контакт со Трговскиот Партнер на горенаведената адреса или service.mk@myworld.com.