Cashback World куповната заедница е посебно добредојдена кај нас!
Rakupen.mk е онлајн платформа за купувачи и трговци кои сакаат да тргуваат онлајн. Онлајн продавницата (online marketplace) брои огромен асортиман на производи од повеќе сектори и врши испорака низ целата држава. Ракупен соработува со трговци кои сакаат да се здобијат со дополнителен канал на продажба или онлајн изложеност на пазарот и ги пласира понудите према онлајн купувачите.
Зошто Rakupen.mk?
Времето за нас е драгоцено, бидејќи времето значи живот. Ние сакаме да ви заштедиме драгоцено време, а со тоа да ви го отвориме патот кон нови животни можности. Нашата цел е да се погрижиме за вашата комоција, и секоја испорака која ќе ја направиме до вашиот дом да е подарок од заштедено време. Ние не продаваме само производи, туку испорачуваме комфорт и животно време.
Како Rakupen.mk?
Избегнете ги градските гужви, трагањето по паркинг место и долгиот исцрпувачки шопинг по трговските центри. Избегнете го уморот, останете дома, каде што е најсигурно и најкомфорно. Отидете онлајн на нашата веб страна и едноставно, само со неколку кликови, одберете го вашиот омилен производ. Виртуелната количка е полесна за туркање и го прави пазарувањето лесно и едноставно. Не напуштајќи го вашиот домашен комфорт, кликнете, направете онлајн нарачка и очекувајте брза испорака до вашиот топол дом.
Што Rakupen.mk?
Ние сме модерна и прегледна онлајн продавница со огромен асортиман на најразновидни производи . Повелете и пробајте!
Не можете да ја најдете вашата нарачка од Rakupen.mk?