Кафеаната ,,Идадија” е отворена во 1928 година и опстојува до денес. Кафеаната се наоѓа во старото урбано јадро на Скопје, Дебар Маало – Боемска улица. Кафеаната Идадија 3 е искрена семејна приказна и е препознаена во градот по квалитетна и вкусна храна, добра услуга и пристапни цени. Кујната е традиционална но секако најважна е скарата која се подготвува на дрвен ќумур. Состојките за приготвување на јадењата се избираат многу внимателно. Се приготвуваат фантастични предјадења, јадења по нарачка, долго готвени јадења по стари рецепти со многу љубов. Но, најтипичи се ќебапот, тавче гравче и домашен колбас.
Не можете да ја најдете вашата нарачка од Idadija 3?