Cashback & Shopping Points

  • 5% Cashback Deal* Сега 5% наместо 2% Cashback Валиден од 15.4.2024 до 31.12.2024
  • * Со Cashback Deal, ги откупувате вашите Shopping Points и ви се припишува повеќе Cashback. За да го направите тоа, мора да имате доволно Shopping Points на вашата сметка на myWorld, кои ќе бидат откупени во myWorld за Cashback Deal.Потоа, вашите Shopping Points автоматски ќе се одземат од вашата сметка на myWorld.

  • ПРИФАЌА
    Scan & Go
    myWorld Card
    B2B

Контакт

Опис

Како последица на забрзаниот начин на живот се јавуваат стресот и притисокот кои често пати не можеме да ги избегнеме.
Толку многу работи треба да се направат, а имаме толку малку време на располагање. Од време на време ви треба да избегате од секојдневието.
Замислете да имате сопствена оаза, каде ќе можете да го оттопите заморот и стресот и да го подмладите телото и духот.
Ве покануваме во Асеана салонот и дневниот спа центар, освежувачка оаза во која ке откриете поздрава, помалку стресна и поубава димензија од себеси.
Работиме во согласност со древната јаванска филозофија за убавина “Рупасампат Вахјабјантара“, која во превод значи: рамнотежа на внатрешната и надворешната убавина создава природна убавина.
Ви нудиме целосна палета на услугите – од третмани за лице, скалп и тело до маникир, педикир и масажи. Препуштете се на традицијата и сензуалноста на спа културата од Бали.
Стариот индонезиски фолклор раскажува дека постоел лек инспириран од Деви Сри, божицата на плодноста и просперитетот. Нејзината убава и здрава кожа е одлика на безвременските ритуали за убавина збогатени со традиционалното капење.
Врз основа на оваа тајна настана серија на третмани. Асеана спа центарот ви нуди екстензивна линија на ексклузивни производи направени од екстракт на ориз и чисти есенцијални масла.
Зачекорете во единствениот спа центар каде се спојуваат древната мудрост на Бали и безвременската убавина и здравје.
Со желба да го понуди само најдоброто искуство на своите клиенти, нашиот СПА центар има холистички пристап во кој се користат повеќевековните традиционални методи за убавина и здравје и се применуваат во текот на човековиот животен циклус. „СПА за убавина и хармонија“ е инспирирана од древната мудрост и индонезиската традиција на капење и грижа за убавината во текот на целиот живот, во комбинација со „модерниот“ тренд на враќање кон природата.
На нашите клиенти им нудиме уникатно и автентично спа искуство – место каде тие ќе можат да го опуштат телото, умот и духот. …
Со Асеана Ројал Спа раководи професионален персонал, со големо искуство во областа на спа и убавината.
За тимот
Ние сме уникатнен спа центар поради следното:
Асеана Ројал Спа како гаранција за квалитет и доверба
Обучени терапевти
Квалификуван и исклучително љубезен персонал
Уживајте во пријатниот амбиент кој придонесува за благосостојбата и уживањето во спа искуството, инспириран од старата индонезиска и азиска мудрост и традиција на капење и разубавување во текот на целиот живот, во комбинација со модерниот тренд за „враќање кон природата“.

Не можете да ја најдете вашата нарачка од Aseana Royal Spa?

* Во зависност од производите кои биле консумирани кај Трговските партнери, може да има варијации во конкретната исплата на маржите за провизија. Затоа не се гарантира точноста на податоците на оваа веб страница.