Cashback & Shopping Points

  • Само членови може да ги видат предностите од пазарувањето
  • ПРИФАЌА
    Scan & Go
    myWorld Card
    B2B

Контакт

Опис

Нашата приказна започна точно пред десет години, кога основачот Благоја Ѓуровски се реши да го направи првиот чекор во приватниот секор основајќи не под името Токси-Вет. Главната дејност на нашата компанија е дезифенкција, дезинсекција и дератизација односно заштита на компаниите и домовите од сите видови на инсекти и глодари. Токси-Вет е фамилијарна компанија која почна со мал број вработен-основачот, но континуирано се пробивавме и развивме овозможувајќи пријатна атмосфера за нашите вработени. Нашата компанија стана препознатлива на пазарот за заштита и контрола на штетници во Република Северна Македонија со својот слоган ” Експерти за некатети гости”.
Токси Вет како компанија покрај дезинфекцијата, дезинсекцијата и дератизацијата се прошири и во давање обуките за безбедност на храна и сертификација на успешните учесници на обуката. Како движечка сила на нашата компанија е стремежот кон континуирано подобрување и приспособување кон светските стандарди во дезинфекција, дезинсекција и дератизација
Од самото формирање па се до денес на пазарот сме препознатливи како компанија која се грижи за квалитетот на својата улуга по секоја цена! Во Токси-Вет профитните маргини се занемаруваат кога станува збор за среќата и задоводлството на нашиот корисник. Па затоа како компaнија на која корисникот и е на прво место нашата мисија е
Ефикасно и ефективно извршување на услуги со кои корисникот ќе има побезгрижен живот, одржлив бизнис и сигурен партнер во контролата и заштитата од штетници, хигиена и безбедноста на храната.
Тимот на Токси-Вет со секојдневна напорна работа вложува за исполнување на својата мисија како главна вредност на овој бизнис.
Жарот во идеата на основачот Благоја беше многу поголем, тој покрај оджувањето на квалитет во дезифекцијата, дезинсекцијата,дератизацијата и давањето обуки во безбедност на храна, во својата визија зацрта дека Токси Вет ќе биде компанија која постојано ќе учи и ќе се менува,- унапредувајќи се. Отука е и нашата визија:
Со секојдневно подобрување на услугата и пристапот кон корисниците до поставување нови повисоки стандарди во индустријата за контрола и заштита од штетници, хигиената и безбедноста на храната.
Квалитетот како стремеж во извршувањето на нашата работа придонесе Токси-Вет денес да е сериозна фирма и партнер на вашиот бизнис, дом и семејство за заштита од несакани инсекти и глодари. Нашата корисничка ориентираност, флексибилност и професионализам ви даваат вам,нашите клиенти со право да верувате дека ние можеме да го решиме вашиот проблем со штетниците.
Пратејќи ги светските трендови во областа на дезинфекцијата, дезинсекцијата и дератизацијата преку посета на најзначајните саеми и конференции што се одржуваат низ Европа, Токси-Вет ги подобрува своите услуги со нови подобрени методи и техники преку кои што сме ваш партнер од доверба кога станува збор за заштита и контрола на штетници.
Развојот на ТОКСИ-ВЕТ природно го насочува кон професионализам, конкурентност на пазарот, доверливост за и кон клиентот.
 

Не можете да ја најдете вашата нарачка од toksi-vet?

* Во зависност од производите кои биле консумирани кај Трговските партнери, може да има варијации во конкретната исплата на маржите за провизија. Затоа не се гарантира точноста на податоците на оваа веб страница.