Winner Life - PROTECTOR

Cashback & Shopping Points

  • 3% Cashback + 8% Полиса за осигурување од 20 до 22 години
  • 1% Cashback + 8% Полиса за осигурување до 19 години
  • ПРИФАЌА
    Scan & Go
    myWorld Card

Контакт

Услови

Почитувани Членови,
Членските Предности се добиваат за полиси од продуктот ПРОТЕКТОР склучени преку дирекцијата на Winner Life, а висината на истите зависи од времетраењето на Договорот.
Ви благодариме на разбирањето.

Опис

Vienna Insurance Group (VIG), осигурителна групација со седиште во Виена, е една од најголемите осигурителни компании во Централна и во Источна Европа, со околу 25 илјади вработени и со полисирана премија во висина од повеќе од 10 милијарди евра за 2019 година.

 

Групацијата е присутна во 30 земји со 50-ина осигурителни компании, а традицијата од 196 години успешно работење, како и значителната финансиска моќ што ја поседува, се гаранција за довербата на повеќе од 22 милиони осигуреници.

 

Приказната за VIG почнува во Австрија со Wiener Städtische уште во далечната 1824 година.

Оттогаш па наваму компанијата постојано се шири, станувајќи една од водечките меѓународни осигурителни групации. Vienna Insurance Group е една од првите осигурителни компании од  Западна Европа што го препозна потенцијалот за раст во земјите од Централна и Источна Европа, влегувајќи за прв пат на чехословачкиот пазар во 1990 година. Во наредните 25 години компанијата постојано се ширеше, освојувајќи нови пазари на просторот на Централна и Источна Европа. Со последното влегување на молдавскиот пазар во 2014 година, Vienna Insurance Group преку своите компании е присутна во вкупно 30 земји.

 

Бидејќи  секој клиент е единствен и секој клиент има различни потреби и различни животни околности, Vienna Insurance Group се потпира на силата на поединечните регионални брендови, на нивното познавање на пазарот и на стручноста, а сето тоа заедно го сочинува успехот на Vienna Insurance Group како групација.

 

Постои едно нешто што е заедничко за сите компании во Vienna Insurance Group – обезбедување сигурност за своите клиенти.

 

Продолжувајќи го успешното работење на македонскиот пазар под брендот Winner, групацијата Vienna Insurance Group во 2010 година ја основа осигурителната компанија за животно осигурување Winner Life. Kако дел од оваа моќна осигурителна групација, Winner Life се придржува до строгите и прецизни австриски деловни принципи, што станува главно обележје на компанијата и причина сè поголем број на клиенти да ја подарат својата доверба.

 

Winner Life во Р.С Македонија нуди широк избор на осигурителни производи што овозможуваат секој клиент да добие животно осигурување што најмногу одговара на неговите потреби. Компанијата се стреми кон стабилен, долгорочен и одржлив развој, базиран пред сè на принципите на чесност, ориентираност кон клиентите, флексибилност, со постепено но сигурно постигнување резултати што несомнено гарантираат успех за компанијата и успех за нејзините клиенти.

Со квалитетните и конкурентни производи Winner Life на своите клиенти им нуди финансиска сигурност, а конзервативното управување во согласност со законските одредби гарантира целосна безбедност на инвестираните средства.

Изберете го Winner Life – силен и доверлив партнер со богата традиција, мотивиран преку иновативни решенија да ви го понуди најдоброто животно осигурување.

Не можете да ја најдете вашата нарачка од Winner Life - PROTECTOR?

* Во зависност од производите кои биле консумирани кај Трговските партнери, може да има варијации во конкретната исплата на маржите за провизија. Затоа не се гарантира точноста на податоците на оваа веб страница.