Salon za Mebel KONEVI

Cashback & Shopping Points

  • 2% + 2,5 по 6500 MKD Купување
  • ПРИФАЌА myWorld Card B2B

Контакт

Опис

Компанијата КОНЕВИ МЕБЕЛ се занимава со проектирање и производство на мебел
- Спални соби
- Дневни соби (аголни гарнитури, троседи, двоседи, комоди...)
- трпезариски и кујнски маси и столици
- Детски соби
Произведуваме мебел со бои и димензии по желба на купувачите, со врвен квалитет и достапни цени
Компанијата КОНЕВИ МЕБЕЛ се занимава со проектирање и производство на мебел. Во производната програма компанијата денес има повеќе од 50 различни производи со модерен дизајн и проверен квалитет, од кои посебно би ги издвоиле мебелот за спални соби, детски соби, трпезариските и кујнските маси и столици и мебелот за дневни соби - ексклузивните колекции на аголни гарнитури, троседи, двоседи и комоди.
КОНЕВИ МЕБЕЛ својот развој го темели врз производство и продажба на мебел со врвен квалитет, кој ги задоволува и најстрогите светски стандарди, како и желбите и потребите на современиот човек. Употребуваме исклучиво проверени, квалитетни, еколошки материјали и оков од најдобрите светски производители.
Компанијата има солиден техничко-технолошки, кадровски и организационен потенцијал. Мебелот што го произведуваме го дизајнира нашиот тим, а изработуваме и мебел по мерка и од материјали и бои според желбите на купувачите. Тимот на КОНЕВИ МЕБЕЛ е обучен и во секое време подготвен да Ви го понуди и за Вас да го изработи најквалитетното и најефективното ентериерно решение, со што Вашиот дом ќе стане инспиративно место за живеење и ќе зрачи со елеганција.

Не можете да ја најдете вашата нарачка од Salon za Mebel KONEVI?

* Во зависност од производите кои биле консумирани кај Трговските партнери, може да има варијации во конкретната исплата на маржите за провизија. Затоа не се гарантира точноста на податоците на оваа веб страница.