Cashback & Shopping Points

  • 2% Cashback + 6% На вашата набавка
  • ПРИФАЌА
    Scan & Go
    myWorld Card
    B2B

Контакт

Опис

Вила Инекс“ е лоцирана во првиот ред објекти на брегот на Охридското Езеро, во населбата Свети Стефан, југоисточно од градот Охрид. Лежи на самиот брег, на најубавата и најпосетената „Славија плажа“. Во непосредна близина се наоѓаат хотелите „Инекс-Горица“, „Славија“, „Белведере“, „Александар“, „Климентица“, „Холидеј М“, „Вила Свети Стефан“, „Вила Свис“ и други.


Од центарот, пристаништето и стариот град, одалечена е околу 5км.


Патот до вилата оди под падините на планината Галичица, покрај брегот на Охридското Езеро и води кон најпривлечните и најпосетените хотели, ресторани, плажи, места за рекреација и забава, се’ до манастирот Свети Наум, сместен на самата граница со Албанија.


Од Охрид до „Вила Инекс“ може да дојдете со сопствен автомобил, со автобус, такси, велосипед, по вода со брод или кајче, а ако сте љубител на пешачење, за еден час прошетка попат ќе ги видите природните убавини на крајбрежието, езерото и околните планини.

Не можете да ја најдете вашата нарачка од Vila Ineks Ohrid?

* Во зависност од производите кои биле консумирани кај Трговските партнери, може да има варијации во конкретната исплата на маржите за провизија. Затоа не се гарантира точноста на податоците на оваа веб страница.