Cashback & Shopping Points

  • 2% + 2,5 На вашата набавка
  • Ќе добиете Cashback и Shopping Points сразмерно од првиот денар. Наведениот износ на SP одговара на купување на 6500 MKD.
  • ПРИФАЌА myWorld Card

Контакт

Опис


Целта на програмата на музичкото училиште Матрикс е секој запишан студент не само што ќе научи да свири на некој инструмент, туку и да стане подобар човек со чуство за естетика и тимски дух на повисоко ниво од нивото кое го имал претходно.
Свирењето на инструмент само по себе подразбира развивање на некои психо-моторички функции кои на секого поединечно во понатамошниот живот ќе му бидат од голема корист.
Едукативниот процес во било која сфера е еднонасочна улица и тој никогаш не завршува.
Нашата програма е замислена во три квартали по времетраење од по четири месеци: почетен, развоен и завршен курс.
Почетниот курс подразбира запознавање на инструментот, основно музичко образование и совладување на основните техники во свирењето на инструментот (произведување на збук, совладување на акордите, координација на деловите од телото кон инструментот).
Развојниот курс е наменет за студентите кои го завршиле почетниот курс (или самостојно по некаков друг пат го совладале почетниот стадиум) и се спремни да совладуваат поедноставни музички склопови и нивно вообличување во музички целини.
Завршниот куст ќе биде насочен на совладување на одредени техники на свирење (со согласност со афинитетите на студентот) и меѓусебна координација на различните инструменти на заеднички теми, т.е. припрема на студентите за свирење во музички состав.

Не можете да ја најдете вашата нарачка од Rock & Roll 018?

* Во зависност од производите кои биле консумирани кај Трговските партнери, може да има варијации во конкретната исплата на маржите за провизија. Затоа не се гарантира точноста на податоците на оваа веб страница.