Salon za chevli TUSHEVSKI

Cashback & Shopping Points

  • 2% + 2,5 по 6500 MKD Купување
  • ПРИФАЌА Cashback - картичка B2B

Контакт

Опис

Компанијата Тушевски е еден од водечките производители на чевли во Република Македонија. Таа произведува детски, женски и машки чевли и чизми за познат германски бренд. Капацитетот на компанијата е 200.000 пара чевли годишно, односно 700 пара чевли дневно, како за домашниот, така и на странскиот пазар.
Фирмата е основана во 1991 година во Куманово со производство на рачно изработени чевли од кожа.
Денес, Тушевски се наоѓа во една од водечките позиции во секторот за производство на чевли во Македонија и на Балканот, со свој лиценциран бренд. Фирмата не само што нуди исклучителен квалитет на производство и испорака на време, исто така, и креативност во знаење и иновативна технологија за задоволување на потребите на уникатените побарувања на нашите клиенти. Компанијата Тушевски има докажан успех на домашниот, регионалниот и Европскиот пазар на производство на чевли со своја колекција на кожни чевли и водоотпорни чизми.
Нашата компанија има остварено силна и долгорочна соработка со меѓународни познати брендови на чевли од Италија и Германија како што се TRETAL, ZEN, GRISPORT, DAUMLING и други. Денес, нашата компанија вработува над 200 луѓе и е меѓу најголемите работодавачи во Куманово.
Нашата мисија е да изградиме силен однос на доверба помеѓу нас и нашите клиенти. Компанијата Тушевски е реномирана компанија од Македонија со меѓународен углед, која постојано работи на развивање на своите производстевни капацитети, усвојување на нови технолошки процеси, се со цел да се постојано подобрува квалитетот на производството и да ја зголемиме ефикасноста и продуктивноста на спрема потребите на пазарот.

Компанијата Тушевски непрестано работи на градење на доверба на нашите клиенти и нивните очекувања, на највисоко ниво со постојано подобрување на квалитетот на производите и услугите.

Се наоѓаме на Плоштад Нова Југославија бб
Повелете Ве очекуваме

Не можете да ја најдете вашата нарачка од Salon za chevli TUSHEVSKI?

* Во зависност од производите кои биле консумирани кај Трговските партнери, може да има варијации во конкретната исплата на маржите за провизија. Затоа не се гарантира точноста на податоците на оваа веб страница.