Cashback & Shopping Points

  • 3% + 3,5 по 6500 MKD Купување
  • ПРИФАЌА myWorld Card B2B

Контакт

Опис

Хотел „Глигоров“ е екстравагантен хотел лоциран во Струмица, во југоисточниот дел на Македонија, на тромеѓето од македонската, бугарската и грчката граница. Тоа го прави хотелот отворен кон различностите и посебностите.
Нашето мото е „Ние ја правиме разликата“ - ентериерот е уреден во барок-стил, зашто нашата услуга почнува од убавината.
Ние сме различни од другите, за Вие да се почувствувате поразлично од секаде каде што сте биле.
Едно од старите имиња на Струмица е „Астарион“ или Градот на ѕвездите.
Хотелот „Глигоров“ е хотел со четири ѕвезди и како посебно соѕвездие го осветлува градот Струмица со голема историска и културна традиција, со важни археолошки наоѓалишта како што се тврдината Цареви кули или Римските терми, манастирските комплекси во Водоча и Велјуса, со природните реткости како Смоларскиот и Колешинските водопади, со неколку меѓународни фестивали и традиционалниот Струмички карневал.
„Ние ја правиме разликата“!

До хотелот „Глигоров“ се стигнува лесно со сопствен и јавен превоз.   Тој е лоциран веднаш до централната градска автобуска станица, на раскрсницата од патот што води до Бугарија и транзитниот пат кон Скопје, од едната, и Грција, од другата страна.   Хотелот „Глигоров“ располага и со сопствен паркинг-простор, кој Ви нуди сигурност и спокојство за време на Вашиот престој во собите или ресторанот.   Хотелот е Ваш различен дом во кој ќе останат Вашите спомени и кога ќе заминете.

Не можете да ја најдете вашата нарачка од Hotel GLIGOROV?

* Во зависност од производите кои биле консумирани кај Трговските партнери, може да има варијации во конкретната исплата на маржите за провизија. Затоа не се гарантира точноста на податоците на оваа веб страница.