Cashback & Shopping Points

  • 2% + 2,5 по 6500 MKD Купување
  • ПРИФАЌА Cashback - картичка B2B

Контакт

Опис

ЈСП ТУРС постои од 1991 година и со својата висока професионалност и квалитетната услуга ја гради довербата кај голем број соработници и клиенти, и представува градски сервис и општествено корисна организација со поширока палета на туристички услуги.
 City Tour Bus (автобус за панорамски разглед) обслужен од професионален и лиценциран кадар на повеќе светски јазици. Оваа наша услуга е единствена по својота содржина и едукативниот карактер на територијата на Република Македонија.
Истотака располагаме со неколку високо туристички автобуси со 40/50 седишта и минибуси за изнајмување.
Ви стоиме на располагање во секое време и Ви гарантираме квалитетна и професионална услуга.
Во делот на организирање ученички екскурзии, акцентот е ставен на едукативниот дел (екологија, сообраќај, културно наследство). Нудиме уникатен пакет панорамски автобус + жичница, со што најмалите од својата рана возраст се стекнуваат со информации за градот Скопје, културното историско наследство, навики за одржување на животната средина и поминато време во природа.

Нудиме и индивидуални и групни патувања за која било дестинација по ваш избор како во земјата така и во странство, за која што цел ги поседуваме сите сертификати како и А лиценца за вршење на туристичка дејност.

Нашата цел е да ги задоволиме потребите и желбите на нашите клиенти во поглед на сите туристички услуги кои им се потребни и за таа цел имаме склучени договори со повеќе туристички агенции и туроператори како во земјата така и во странство. Членки сме на СКТМ, НАИТМ…..

Не можете да ја најдете вашата нарачка од JSP TOURS Skopje?

* Во зависност од производите кои биле консумирани кај Трговските партнери, може да има варијации во конкретната исплата на маржите за провизија. Затоа не се гарантира точноста на податоците на оваа веб страница.