Понеделник - Петок |
07:00 - 20:00 |
Сабота |
07:00 - 18:00 |
Недела |
08:00 - 12:00 |
Смарт колор е компанија чија основна дејност е трговија со бои и лакови, лепила и други производи за завршни работи во градежништвото, како и потребниот молерско–фарбарски алат. „Смарт колор“ е модерна трговска фирма која работи по светски стандарди.
Сите оние кои го имале задоволството да купуваат во нашата продавница виделе дека освен бои, лакови, четки и друг алат и опрема, можат да сметаат на асистенцијата и љубезноста на едуцираните продавачи како и на ниските цени. Истовремено, нашиот тим ќе Ви понуди совети, идејни решенија и помош при донесувањето на одлуките, упатства за аплицирањето на производите како и помош и решенија при евентуалните проблеми кои се појавуваат во домот: влага, мувла, чад итн.
Во нашата продавница има и машини за компјутерско нијансирање и мешање, со кои на секој молер и заинтересиран купувач му излегуваме во пресрет лесно и брзо да дојде до саканата нијанса. За таа цел, ние Ви нудиме избор на повеќе од 10000 нијанси по каталог на RAL, NCS, ER-LAC, но истовремено, кај нас можете да добиете и боја која сте ја одбрале надвор од каталошката понуда. Освен тоа, создадовме и сопствена база на податоци во која се запишани сите компјутерско нијансирани бои и која се активира секогаш кога тоа ќе им притреба на нашите клиенти. Со тоа овозможуваме постојан увид во изработените бои, нивната количина и тоа со стопроцентна сигурност.
„Смарт колор“ е фирма основана во 2004год. Вработените во оваа фирма го негуваат современиот начин на работа, што подразбира врвен квалитет и знаења со што им се приближува на сé побројните купувачи и партнери. Ваквиот поволен однос помеѓу квалитетот и цените се постигнува со стабилни релации помеѓу добавувачите како и со воспоставување взаемна доверба помеѓу вработените и и купувачите.
Заради одржување на високите стандарди на квалитетот и услугите, нашата фирма постојано врши континуирана едукација на вработените за да може постојано да се следат најновите еколошки стандарди, а истовремено и најмодерните технолошки истражувања, кои во моментов се актуелни во светот. За таа цел, соработуваме со докажани производители од Европа, како и со производители од соседните земји. Во нашиот асортиман ќе најдете бои кои се наменети токму за Вас и Вашите потреби за боење на внатрешните ѕидови, надворешните фасади, полиуретански бои и лакови за Вашиот мебел, како и лакови за паркет и заштита на дрво.
Уживајте во обоениот свет кој ние Ви го нудиме!
Не можете да ја најдете вашата нарачка од Smart Kolor?