Сместување
Еуро Хотел Градче располага со 25 комфорно-стилско уредени соби од кои 4 се апартмани. Хотелот има сопствен паркинг плац.
Ресторан
Традиционална кујна со локални специјалитети. Ресторанот е со капацитет од 420 седишта и мал ресторан со капацитет од 90 седишта.
Конференциска сала
Салата е опремена со аудио-визуелна опрема: микрофони-жичани, микрофони – Wi-fi, TV LCD, LCD projector, DVD плеер , лап топ, флип чарт табла, Интернет, Скенер, принтер, копии, симултан превод со претходна најава.
Свадби и настани
Во хотелот организираме свадби, родендени за деца и за возрасни, момачки и девојачки вечери, крштевки, матурски вечери, апсолвентски забави, 8-мо мартовски забави, Пр-настани итн.
Кафе бар и летни тераси
Во рамките на хотелот функционира кафе бар и четири летни тераси позиционирани непосредно на брегот на езерото Градче. Во склоп на хотелот има билијард и пинг-понг маси.
Активности
Планинско пешачење, велосипедизам по планински патеки, лов и риболов, излет со скара покрај езеро, прошетки и посета на знаменитости поврзани со обичајното, културното и историското наследство.
Сите апартмани и соби се опремени со стандард кревет, директна телефонска линија, 70% од собите имаат мини бар, а 30% имаат сопствен сеф. климатизација, тоалетна маса, ноќна ламба,кабловска ТВ, бесплатна интернет конекција, бања со тоалет, и 24/7 собна услуга. Повеќе од 80% од собите имаат и тераса со неповторлив поглед. Во зима објектот се затоплува со сопствено парно греење.
Не можете да ја најдете вашата нарачка од EURO HOTEL GRATCE?