Cashback & Shopping Points

  • 4% + 4 по 6500 MKD Купување
  • ПРИФАЌА Cashback - картичка B2B

Контакт

Опис

Кај нас можете да добиете услуги со највисок квалитет:

  • финансиско сметководство 
  • материјално сметководство 
  • пресметка на плати 
  • финансиски,деловен и даночен консалтинг  

За нас, сметководството е многу повеќе од ажурна евиденција за состојбите на вашите сметки, вашите книги, уредно пополнети даночни пријави, платни листи и завршни сметки. Овде финансиското и материјално сметководство се во позиција на ажурна евиденција која ги дава сите релевантни показатели, од кои се прават анализи на работењето во делот на трошоците и приходите и расходите. Од анализите, подоцна по склопувањето на билансните шеми, на управувачките тимови или на управителите на друштвата им се нудат бизнис планови за наредната и предлози за подобри финансиски резултати во деловна година. Сметководствената анализа на финансиските извештаи е неопходна менаџерска алатка за нормално работење на деловните субјекти. А реални податоци во финансиските извештаи се резултат на правилно водење на сметководство. 
Фактори кои влијаат на пресметката која и претходи на реално понудената цена, меѓу другите, се и: 
 

  • Број на влезни ф-ри; 
  • Број на излезни ф-ри; 
  • Книговодствени трговски документи и дополнителни услуги: материјално сметководство, генерирање на ПЛТ и ЕТ, барани менаџерски извештаи и сл.; 
  • Број на фискални каси; 
  • Број на продажни локации (магацини или малопродажни објекти) и број на подружници; 
  • Рочност за ДДВ (месечен или тримесечен ДДВ обврзник); 
  • Комплексноста на даночните импликации на дејноста; 
  • Тип на дејност (услуги, производство, трговија, градежништво, НВО, буџетски корисник или буџетска единица и сл.); 
  • Број на банкови изводи; 
  • Број на фукнционални трансакциски сметки во комерцијални банки; 
  • Просечен број на редови во еден банков извод итн.

Не можете да ја најдете вашата нарачка од KFK-KAPSAROVA?

* Во зависност од производите кои биле консумирани кај Трговските партнери, може да има варијации во конкретната исплата на маржите за провизија. Затоа не се гарантира точноста на податоците на оваа веб страница.