Cashback & Shopping Points

  • 7% Cashback Deal* Сега 7% наместо 3% Cashback Валиден од 05.4.2024 до 31.12.2024
  • * Со Cashback Deal, ги откупувате вашите Shopping Points и ви се припишува повеќе Cashback. За да го направите тоа, мора да имате доволно Shopping Points на вашата сметка на myWorld, кои ќе бидат откупени во myWorld за Cashback Deal.Потоа, вашите Shopping Points автоматски ќе се одземат од вашата сметка на myWorld.

  • ПРИФАЌА
    Scan & Go
    myWorld Card
    B2B

Контакт

Опис

За Хотел Молика:
Хотелот се наоѓа на Баба планина во Националниот парк Пелистер. Самата местополжба на хотелот овозможува поглед на градот Битола и околината.
Хотелот располага со 54 соби (еднокреветни, двокреветни и трокреветни) и 3 апартмани, две конгресни сали опремени со неопходна и современа техничка апаратура со капацитет од по 40 седишта. Како и аперитив бар, атрактивна летна тераса, екслузивна банкет сала, ски гардероба и други содржини.
Во склоп на хотел Молика функционира и скијачкиот центар Копанки кој располага со една двоседа жичара – Бегова чешма и еден ски лифт – Копанки.
Должината на жичарата и ски лифтот изнесува 1326 метри со капацитет од 1133 скијачи на час. Двете скијачките патеки се со средна тежина и нивната должина изнесува 1341 метар со површина од 53640 м2
Хотелот ,,Молика,, претставува капацитет од трета категорија (3 звезди ***) , кој во целост е прилагоден и амбиентално е вклопен со својот надворешен и внатрешен изглед во околината што го опкружува. Спојот на дрво и мермер, олицетворение на замислата на дизaјнерот овозможува со престојот во хотелот, секој посетител да ја почуствува топлината и душата на објектот во сите делови.
Самата местоположба на хотелот на североисточниот дел од Националниот парк, овозможува поглед на Пелагониската котлина, градот Битола и околината, кој ви го одзема здивот. Овој дел од паркот е еден од најинтересните и највозбудливите локалитети специфичен по богатството на ретки видови растителен и животински свет.

Услуги што ги нуди хотелот
Хотелот располага со 54 соби (еднокреветни, двокреветни и трокреветни) и 3 апартмани, складно разместени на 4 нивоа со поглед на хоризонтот на источната страна и со поглед на планината на југозападната страна каде што во текот на целиот ден се осветлени со пријатното планинско сонце во сите временски сезони. 
Две конгресни сали опремени со неопходна и современа техничка апаратура, аперитиф бар, атрактивна летна тераса, екслузивна банкет сала, продавница за сувенири. Покрај се, најзабележителни се многубројните планинарски патеки, атрактивни локации и познати локалитети кои не опкружуваат и во чиј непосреден склоп работи хотел Молика. 

 Хотелскиот ресторан
Хотел “Молика” располага со ресторан со летна бавча со капацитет до 200 ресторантски седишта (од кои ресторанот е со капацитет од 160 седишта а терасата од 40 седишта). Во склоп на ресторанот функционира добро опремена професионална кујна која што секогаш е подготвена професионално да излезе во пресрет на сите барања и желби од страна на гостите, со можност да уживаат во врвните мајстории на гастрономите кои подготвуваат секакви видови специјалитети од националната и интернационалната кујна. 

Хотелот во своето работење се прилагодува и доследно ја спроведува маркетинг концепцијата испитувајќи го и промовирајќи се на туристичкиот пазар во земјата и пошироко, пазарот во соседните Балкански земји, доближувајќи ги своите услуги, посебно ресторантските до светските стандарди и норми кои денес ги очекува современиот турист.

Препознатливост на хотелот Молика 
Она што секако го издвојува хотелот Молика од останатите објекти во нашата република се топлината, мирот и спокојството кои уште од првото доаѓање и првиот остварен контакт го пленат срцето и душата на секој гостин добронамерник. Ведрата насмевка и традиционалната гостопримливост на сите вработени во комбинација со недопрената природна убавина со раскошот на бои и мириси и можноста за прошетки по многубројните пешачки патеки, видиковци, велосипедски тури, етно посети, еко екскурзии и алпинистички рути го исполнуваат чувството на секој посетител дека се наоѓа на вистинско место каде што може да доживее активен одмор во природа.
Во екот на зимската туристичка сезона хотелот Молика и Ски Центарот Копанки претставуваат уште една комплетна понуда за сите љубители на зимските ски спортови. 

Историјат на хотелот Молика
Хотел Молика е основан 1994 год. Од нашето постоење па се до денес , хотелот и тимот кој работи , безрезервно се посветени да им открие нови начини на уживање на нашите гости. Без разлика дали гостите ја преферираат природата, пешачењето, планинарењето, ски спортовите, велосипедизмот или едноставно ја обожувате богатата традиционална кујна, ние сме секогаш тука да обезбедиме единствено искуство во услугата и исклучително квалитетен престој за време на Вашата приватна посета или при реализацијата на Вашите работни средби. 
Хотелот Молика постои за да создаде лични вредности кои никогаш нема да се заборават.
Хотел Молика претставува угостителско туристички капацитет сместен на 1420 метри надморска висина во срцето на Националниот парк Пелистер.

Располага со 57 соби од кои:
– три апартмани
– три трокреветни соби
– останатите соби се двокреветни соби, двокреветни соби со детски лежај и соби со француски лежај.
Покрај тоа во склоп на хотелот работи и :
– ресторанска сала со капацитет од 170 седишта
– две семинарски сали секоја со капацитет за околу 40 учесници
– банкет сала со 15 – 20 седишта, како и
– летна тераса со 80 седишта
Хотел Молика со започнувањето со работа на 24 Април 1994 како хотелско сместувачки капацитет и објект во склоп на РЕК Битола се до 1996 год.
Со тогашната категоризација на угостителски објекти, хотел Молика беше клсифициран во хотел од висока Б категорија, чиј примат беше потврден со создавањето на препознатлив туристички бренд преку годините.
Во периодот од 1996 до 2000 год. хотелот продолжи со работа како пререгистран објект во претпријатие за угостителствo и туризам – ПУТ Молика.
Во 2000 год. ПУТ Молика доживува повторна трансформација овој пат како Друштво за угостителство (ДУТ) Молика ДООЕЛ Битола.
Со новиот закон за категоризација на хотелски објекти, хотел Молика во 2006 год. беше промовиран како објект со 2 ѕвезди, за да во 2009 год. ја подигне категоризацијата во хотел со 3 ѕвезди, благодарение на високите стандарди на хотелско работење кои се применуваат во давањето на услугите на гостите..
Од 01 Ноември 2012 година ДУТ Молика ДООЕЛ Битола АД ЕЛЕМ Скопје претрпи статутарна промена и премина во новоформираното Друштво за туризам , угостителство , спорт и рекреација ЕЛЕМ ТУРС ДООЕЛ Скопје како Подружница Молика Битола , и функционира во рамките на тоа друштво се до ден денес.

Не можете да ја најдете вашата нарачка од Hotel Molika?

* Во зависност од производите кои биле консумирани кај Трговските партнери, може да има варијации во конкретната исплата на маржите за провизија. Затоа не се гарантира точноста на податоците на оваа веб страница.