Cashback & Shopping Points

  • 2% + 1 На вашата набавка
  • Ќе добиете Cashback и Shopping Points сразмерно од првиот денар. Наведениот износ на SP одговара на купување на 6500 MKD.
  • ПРИФАЌА myWorld Card B2B

Контакт

Опис

GREE Electric Appliance, Inc. of Zhuhai (“GREE”) е најголем производител на клима уреди во светот. Со седиште во градот Zhuhai (Кина) ,производството се одвива во 9 фабрики ширум светот и во нив се вработени повеќе од 80.000 работници , а од кои повеќе од 5.000 се инжињери од оделот за истражување и развој. Заради големиот истражувачко-развоен одел, денес GREE е горд сопственик на повеќе од 3.500 пријавени патенти.


Годишниот производствен капацитет изнесува повеќе од 60 милиони клима уреди од домашната серија и 5,5 милиони уреди од комерцијалната серија. Производите на GREE се поделени во 20 категории, со 400 серии и повеќе од 7.000 модели. Денес повеќе од 200 милиони луѓе ширум светот се корисници на производи кои се произведени од GREE.


GREE има голем углед во светот заради квалитетот на своите производи и извонредните перформанси зад кои стојат 300 лаборатории за контрола на квалитетот. Благодарејќи на тоа, GREE е во Кина единствена марка на клима уреди со ознака “Светска марка“, а истото и е доделена од страна на “General Administration of Quality Supervision, Inspection and Quarantine“.


Посебно внимание се одава на еколошките и здравствените барања, но и потрошувачката на електрична енергија ,нивото на бучавост и вградените материјали, со што GREE уредите се издвојуваат од уредите на останатите производители.


Денес производите на GREE континуирано се испорачуваат ширум светот и се носители на создавањето на спокојна, хармоничена ,работна и фамилијарна атмосфера. Со желба да на своите купувачи им овозможи поедноставно и удобно користење, GREE е секогаш пред нашите желби и потреби.

GREE летото 2008 година, склучи стратешко партнерство со јапонскиот бренд DAIKIN.
Корпорациите заедно имаат создадено уште две заеднички компании.
*Првата е Zhuhai Gree Daikin Device Ltd која е основана за производство на инверторски компресори и плочи PCB.Овие две компоненти се клучни за работата на клима уредот.

* Втората компанија е Zhuhai Gree Daikin Precision Mold Co. Ltd. во која GREE е сопственк со 51 % од акциите.

GREE произведе и испорача 1,5 милиони инвертер клима уреди, кои DAIKIN ги продава под свое име.

Не можете да ја најдете вашата нарачка од GREEMAK?

* Во зависност од производите кои биле консумирани кај Трговските партнери, може да има варијации во конкретната исплата на маржите за провизија. Затоа не се гарантира точноста на податоците на оваа веб страница.