URBAN INVEST Kavadarci

Cashback & Shopping Points

  • 2% + 1 по 6500 MKD Купување
  • ПРИФАЌА Cashback - картичка B2B

Контакт

  • Работно време
    Понеделник - Петок 08:00 - 16:00
  • Контакт
    Канцеларија во Скопје
    Тел/Факс: +389 (0)2 3060 014
    Фабрика во Кавадарци
    Тел/Факс: +389 (0)43 400 565
    Тел/Факс: +389 (0)43 400 575
  • ID на Трговски Партнер
    36300990

Опис

Компанијата Урбан Инвест, основана во 1990 год., е најголемиот производител на Павер елементи и Terastone плочки во Македонија и Балканот. Во текот на изминатите 17 години, Урбан Инвест, преку својата диверзифицирана производствена програма, високо едуциран кадар, новата софистицирана технологија и високо развиениот еколошки и социјален бизнис пристап, стана еден од главните учесници во индустријата за градежни материјали во Македонија и на околните пазари.

На почетокот, дејност на фирмата беше проектирање и изградба на различни видови приватни објекти (куќи, бензински пумпи, паркинг простори и сл.).
Во 1993 Урбан Инвест, инвестираше во опрема за производство на бетонски Павер елементи (бетонски павер блокови, ивичњаци и други декоративни бетонски продукти) и стана единствен производител и изведувач на овој вид градежни материјали во Македонија. За кратко време, производите на компанијата станаа синоним за Павер елементи во Македонија (учеството на Урбан Инвест на овој пазар се проценува на повеке од 50%).

Во текот на изминатите дваесет и пет години, Урбан Инвест ги прошири своите бизнис активности и во други сегменти од градежната индустрија. Во 2000 година, компанијата започна со производство на Terastone, последната генерација на “терацо” плочки. Во 2002 година, компанијата започна и со проектирање и изградба на модерни станбени згради на неколку од најатрактивните локации во Скопје.

Урбан Инвест е препознатлив како водечка компанија во земјата, по повеќе фактори, од кои најважен е квалитетот на услугата, а уште поважна е и можноста да се понудат производи со одличен естетски, функционален и ценовен квалитет.

Во 2004 година, компанијата се здоби со интернационален сертификат BSI EN ISO 9001:2000. Денеска компанијата е организирана во четири производни линии, со план да се отвори уште една во текот на 2007/2008 година:
-Производство на Павер елементи;
-Производство на Terastone плочки;
-Каменолом;
-Станбена изградба.

Исто така можеме да се пофалиме дека сме една од ретките компании кои на своите потрошувачи им нуди целосен пост-продажен сервис (транспорт, подготовка за монтажа, монтажа).

За успешноста на оваа наша заложба говорат и илјадниците м² поплочени патеки, паркиралишта, уредени дворови, јавни установи и сл. Наш императив е квалитетот и долгиот век на траење на нашите производи. Затоа во процесот на производство во нашата компанија се работи по светски пропишани норми и стандарди.

Не можете да ја најдете вашата нарачка од URBAN INVEST Kavadarci?

* Во зависност од производите кои биле консумирани кај Трговските партнери, може да има варијации во конкретната исплата на маржите за провизија. Затоа не се гарантира точноста на податоците на оваа веб страница.