Овој португалски бренд е посветен на изработка модни додатоци како чанти, чевли, шалови, капи, марами, очила за сонце, накит и сл. Главното мото на брендот е: Голем избор, ултра модерни парчиња, достапни цени за просечниот потрошувач.
Parfois постои од 1994 година е и основан од Мануела Медеирос чија цел била да создаде уникантни и неодоливи модни додатоци за прифатлива цена. Г-ѓа Медеирос сеуште активно учествува во создавањето на новите колекции заедно со дизајнерските тимови лоцирани во Порто и Барселона.
Колку е овој бренд динамичен кажува и самиот факт дека се произведуваат повеќе од 3.500 модели на производи во текот на сезоната, а продажните салони се надополнуваат со нови парчиња речиси секоја недела.