Cashback & Shopping Points

  • 2,5% Cashback + 6% На вашата набавка
  • ПРИФАЌА
    Scan & Go
    myWorld Card

Контакт

Опис

Викторија Шпед доо Скопје е компанија формирана во 1995 година, лидер во областа на царинско застапување и организирање на комплетна логистика.

Во моментов во Викторија Шпед има 29 професионално обучени вработени кои се спремни да одговорат на сите предизвици со единствена цел да се задоволат потребите на клиентите.

  • Царинско застапување

Професионален тим од 10 царински лиценцирани застапници и 6 диспоненти задолжени за подготвување на целосна царинска документација за извоз, увоз или транзит на стока.

Застапување во царински постапки на сите царинските испостави на територија на Скопје и Аеродром Скопје, канцеларија во Куманово и соработка со партнерски шпедиции на сите гранични премини.

Локално царинење на стока извоз/увоз

  • Организација на домашен и меѓународен транспорт

Посредување и организација на сите видови меѓународен транспорт

  1. Копнен транспорт
  2. Бродски транспорт
  3. Авионски транспорт – IATA сертифициран агент за авионски транспорт
  4. Експресен авионски транспорт
  • Дистрибуција

За непречено организирање и остварување на транспортот  Викторија Шпед соработува со  сестринска фирма Фалкон Логистик која располага со возен парк од 6 VW Crafter  возила кои превезуваат стока како во рамките на домашниот пазар така и надвор од Р.Македонија.

  • Царински склад

Викторија Шпед поседува сопствен царински склад, уреден според најсовремените стандарди 1152 м2 затворен дел и 675 м2 отворен дел. Складот располага со:

  • 1550 палетни места
  • Комора за складирање на лекови
  • Оддел за АДР пратки
  • Регално скалдирање

Не можете да ја најдете вашата нарачка од Viktorija Shped?

* Во зависност од производите кои биле консумирани кај Трговските партнери, може да има варијации во конкретната исплата на маржите за провизија. Затоа не се гарантира точноста на податоците на оваа веб страница.