Cashback & Shopping Points

  • 3% + 2,5 по 6500 MKD Купување
  • ПРИФАЌА Cashback - картичка

Контакт

Опис

Вашата доверба за нас е обврска, да ги оствариме Вашите желби и здравствени потреби, се со цел да имате здрави и бели заби, со прекрасна насмевка.

Стоматолошки услуги кои се нудат во нашата ординација се:

  • Терапија со помош на стоматолошки диоден ласер
  • Пародонтален третман со ласер
  • Лекување на коренски канали со помош на ендодонтски микромотор и ласерско стерилизирање на истите
  • Сите видови пломби
  • Детска и превентивна стоматологија
  • Терапија од областа на оралната хирургија (екстракција на импактирани и семиимпактирани заби, апикотомија, цистектомија и сите останати услуги во оваа област)
  • Белење на заби
  • Инплантно – протетско решение
  • Фиксна протетика (мостови, коронки, ламинати и фиксни и мобилни протетски изработки на импланти)
  • Мобилна протетика (акрилатни и скелетирани протези)
  • Дигитална панорама, телеренген и ретроалвеоларна снимка

За спонтана и здрава насмевка ние континуирано Ви нудиме:

  • Екипа од специјалисти во одредени области, усовршувани кај нас и во странство, секогаш подготвена да помогне;
  • Ултрамодерна опрема со која Ви гарантираме дека Вашата насмевка ќе биде природна и блескава;
  • Топлина и гостопримство коишто ќе ги остават Вашиот страв и грижите да чекаат пред влезот на нашата ординација;
  • Посете не и пронајдете ја (или зачувајте ја) својата природна насмевка.

Не можете да ја најдете вашата нарачка од Dent Estet?

* Во зависност од производите кои биле консумирани кај Трговските партнери, може да има варијации во конкретната исплата на маржите за провизија. Затоа не се гарантира точноста на податоците на оваа веб страница.