Cashback & Shopping Points

  • 2% + 1 На вашата набавка
  • Ќе добиете Cashback и Shopping Points сразмерно од првиот денар. Наведениот износ на SP одговара на купување на 6500 MKD.
  • ПРИФАЌА myWorld Card

Контакт

Услови

Lyoness предностите важат исклучиво за SMART Board интерактивните табли.

Опис

SMART Boards

SMARTинтерактивните табли имаат флексибилни и интуитивни карактеристики кои им помагаат на наставниците  и учениците да се прилагодат на предизвиците кои ги нудат  училниците на 21 век. Производите исто така се подржани со сеопфатна обука и професионални развојни програми, кои исто така имаат вклучено одлична гаранција и истите се избрани за употреба во многу поголем број во однос на сите други брендови на интерактивни табли заедно.

Од аспект на секојднева упитреба и издржливост, SMART робустниот хардвер и, лесно употребливиот софтвер се совршен спој  да одговорат на барањата кои ги побаруваат училниците. Подвижните мениа до алатки, прилагодувањето на екраните во височина, операциите со пенкало и прст, како  и многубројните други опции им овозможуваат дури и на лицата со одреден телесен хендикеп лесна употреба и користење, а студентите можат мошне лесно да учествуваат во наставата.  Оваа сестраност, исто така, им дава на наставниците широк спектар на опции за примена  на знаењето, разните вештини и  способностите на  учениците и студентите, создавајќи разнолика настава која е привлечна интересна  за секој стил на учење.

Технологија

SMART интерактивната табла работи како дел од системот кој вклучува интерактивна табла, компјутер, проектор и софтвер за истата - SMARTNotebook софтверот за едукација во  образованието, како и SMARTMeeting Pro софтверот за бизнис. Компонентите се поврзани безжично или преку USB и сериски кабли за поврзување. Проектор кога е поврзан со компјутерот ви го прикажува компјутерскиот десктоп на интерактивна табла. Таблата регистрира допир со прст, SMART пенкало или други цврсти објекти. SMART интерактивните табли се исто така достапни за да служат и како екрани со рамна површина кои имаат предна проекција.

SMART интерактивната табла користи DViT (DigitalVisionTouch) и Resistive технологија за да препознае и да одговори на допирната интеракција на површината наинтерактивната табла. Оваа технологија е базирана на мали камери кои се прикачени на интерактивната табла и интерактивните дисплеи, и комбинацијата на користење на истите камери, соодветниот софтвер и firmware-от служи за да го препознае допирот со прст или пенкало на површината на екранот.

SMART ја користи DViT технологијата во своите интерактивни табли. Откога ја развија оваа технологија во 2003 година, продолжуваат со користење на  DViTтехнологијата во многу производи, вклучувајќи ги SMART интерактивните табли, SMART интерактивните дисплеи и SMART интерактивната масата за интерактивно учење.

SMART Digital Ink се користи за препознавање на цртањето или рачното пишување на површината на компјутерскиот десктоп. SMART интерактивната табла користи пасивно пенкало, што значи дека во самото пенкало нема никаква електроника за користење на пенкалото за пишување или боење со истото.

Не можете да ја најдете вашата нарачка од Unet?

* Во зависност од производите кои биле консумирани кај Трговските партнери, може да има варијации во конкретната исплата на маржите за провизија. Затоа не се гарантира точноста на податоците на оваа веб страница.