Gulf Oil (Skopje)

Cashback & Shopping Points

  • 1% + 1 На вашата набавка
  • Ќе добиете Cashback и Shopping Points сразмерно од првиот денар. Наведениот износ на SP одговара на купување на 6500 MKD.
  • ПРИФАЌА myWorld Card

Контакт

Опис

Брендот Gulf Oil повеќе од 100 години ја гради својата традиција како глобален бренд, етаблиран и присутен во повеќе од 100 земји на сите континенти каде ја има довербата на милиони клиенти низ светот. По отворање на првата бензинска пумпа во Питсбург, САД во 1913-та година, Gulf Oil под мотото: „Квалитет - Издржливост - Страст“, станува најбрзорастечка компанија во светот на нафтените деривати, лубрикантите и маслата за возила.

Во својот развој компанијата за свој симбол го одбира карактеристичниот портокалов диск, кој и ден денес сè уште претставува дел од логото на Gulf,  како глобален синоним за производи со висок квалитет, иновации и техничка извонредност.

Благодарение на целосната посветеност кон своите клиенти, инвестирањето во развојот и инфраструктурата, кога голем дел од останатите компании се фокусирани првенствено на намалување на трошоците и зголемување на профитабилноста, во 2016-тата Gulf Oil, од страна на Global Energy Oil и Gas Awards е именувана како  ”Downstream Oil Company of the Year”. Признание кое само потврдува дека потрошувачите низ целиот свет го добиваат она ниво на услуга и производи кои им се потребни и ги побаруваат. 

Потврда дека и шампионите го препознаваат врвниот квалитет на Gulf е партнерството што Gulf Oil International го склучи со еден од најлегендарните тркачки брендови во Формула 1 – Мекларен, каде неодамна на трката во Монако, МекЛарен беше целосно обоен во легендарните сино-портокалови тркачки бои на брендот Gulf.

Покрај тоа што е активно вклучен во мотоспортот, Gulf е партнер и на фудбалскиот тим Манчестер јунајтед. Партнерството со едно од најголемите фудбалски имиња во светот е само уште една потврда за изразените амбиции за раст на брендот на глобалната сцена.

Не можете да ја најдете вашата нарачка од Gulf Oil (Skopje)?

* Во зависност од производите кои биле консумирани кај Трговските партнери, може да има варијации во конкретната исплата на маржите за провизија. Затоа не се гарантира точноста на податоците на оваа веб страница.