Fresh Express е голема и респектирана компанија која нуди услуги за хемиско чистење и водено перење на своите клиенти, со дуќани на четири локации во Скопје: Веро Тафталиџе, Веро Центар, Супер Тинекс кај Раде Кончар и Супер Тинекс кај Годел.
Fresh Express работи со најнова state-of-the-art опрема и секогаш располага со посветен стручен кадар кој се гордее со секој чекор во процесот на чистење. Други компании за хемиско чистење од Балканот го посетуваат Fresh Express да дознаат зашто е еден од најдобрите во својата индустрија.
Лоциран во најголемите градски супер маркети во градот, поточно во Веро Тафталиџе, Веро Центар, Супер Тинекс кај Раде Кончар и Супер Тинекс кај Годел, Fresh Express е лесно достапен за своите секојдневни клиенти, нудејќи одличен сервис и висок квалитет, заокружен со фер цена.
Fresh Express се грижи за гардеробата во сопствениот погон. Резултирано од големината и огромниот волумен, Fresh Express е во можност да ја микросортира својата работа по специфични типови на гардероба и по индивидуален тип на материјал, боја и тежина, за успешно да понуди максимална грижа и ефект на сервисот. Одкако гардеробата ќе се исчисти со најсовремената опрема и технологија, секое парче е повторно прегледано и пратено на преработка доколку има потреба. Откако секое парче е со сигурност совршено изработено, посветените занаетчии го издаваат назад на клиентот.
Не можете да ја најдете вашата нарачка од Fresh Express?