Cashback & Shopping Points

  • 2% + 1 На вашата набавка
  • Ќе добиете Cashback и Shopping Points сразмерно од првиот денар. Наведениот износ на SP одговара на купување на 6500 MKD.
  • ПРИФАЌА myWorld Card

Контакт

Опис



Медикус Хелп Скопје е основана 1993 год, а од 2000 година наваму основна дејност во работењето е програмата за ОРТОПЕДСКИ ПОМАГАЛА. Желбата, целта и основното движечко мото на Медикус Хелп е на македонскиот пазар да понуди квалитетни помагала, кои на луѓето чиј што живот се менува, ќе им го олеснат секојдневието и ќе им обезбедат полесен, поквалитетен и независен живот.





Болеста, привремена или трајна може да се олесни само со соодветни помагала и вистински совети.





Како претставници на светски реномирани ортопедски куќи, на македонските купувачи им нудиме широка палета на производи. Со постојаното усовршување и едуцирање на сопствениот кадар, во специјализирани продавници ширум Македонија дава квалитетна и навремена услуга.





Асортиманот е избран и усогласен со новитетите на светскиот пазар кои се следат со континуирани посети на реномираните меѓународни медицински саеми.





Во поново време фокусот е на грижата за превенцијата па оттаму и широкиот избор на најразновидни помагала со кои може да се превенира појавата на деформитети или неправилности на телото.





Посебна гордост на Медикус Хелп се специјализираните продавници во сите поголеми градови во земјата, каде на едно место може да се најде се што е потребно, по пристапни цени.

Не можете да ја најдете вашата нарачка од Medikus Help?

* Во зависност од производите кои биле консумирани кај Трговските партнери, може да има варијации во конкретната исплата на маржите за провизија. Затоа не се гарантира точноста на податоците на оваа веб страница.